откинува (гл.) - поглед (имн.)

Арсо си ги спушташе нозете на земја и не го откинуваше погледот од овој човек.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Јас со стегнато срце од страв гледав исто така натаму, не го откинував погледот од таа улица.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Со брадата втисната меѓу колената што силно ги има зграпчено со обете раце, се ниша ту напред ту назад и не откинува поглед од огнот и до болка чувствува како му се стега желудникот и тие, кои до него најблиску седат, слушаат како гласно му кркорат цревата...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)