отклучи (гл.) - врата (имн.)

Ризикував да не му се јавам, затоа што претпоставував дека ќе се врати доцна во ноќта. Уморна и сонлива, ја отклучив вратата.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Во тој миг, во тоа лудечко запрепастување на малиот крадец, Стојан Ванков се мачеше однадвор да ја отклучи вратата на својот стан.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
И пак Бонети ноќе се искрадуваше до нејзината одаја, ѕиркаше низ прозорецот да види дали спие и бараше начин како да ѝ влезе, како да ја отклучи вратата.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Но отец Иларион знаеше дека Бонети не мирува, па често кога ќе го насетеше дека се вртка крај нејзината одаја, ќе се накашлаше давајќи му знак дека е буден, или ќе ја отклучеше вратата од својата одаја давајќи му време на Бонети да се повлече, да не дојде до кавга, до расправија.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Овде толку смрди што ти ништо не можеш да осетиш!
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Кога Ема ја отклучи вратата, ја заплисна силен мирис.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
„Влезете“, отклучи врата дедо Владимир, ја отвори вратата и со синот Петре влегоа први. „Каде е Влатко?“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Но Мил му го трга коритото, му ја заклучува вратата, го затвора прозорецот однадвор, и кога Богуле ќе стане, продолжува да врши експерименти во собата: му го дава клучот и му вели да ја отклучи вратата, и Богуле ја отклучува.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Никаков звук не се слушаше одвнатре. Ја отклучија вратата уште пополека и ја пуштија Маргот. 32
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)