откорне (гл.) - срце (имн.)

„Не сум ти раскажувал таква бајка.“ „Сети се,“ реков. „Ми раскажуваше.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Никој пред тоа не ми имаше споменато дека ја забележува таа моја болка, она што уште од детството болеше така како да сакаше да ми го откорне срцето од градите.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Иако сега болката веќе ја немаше, ниту пак невидливата рана што ја имаше отворено, Клара ја забележа трагата што беше останала од нив.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Таму најде три спомени: во времето кога за неа многу нешта на светот сѐ уште немаа име, едно момче ѝ подаде остар предмет и рече: „Нож“; во времето кога сѐ уште веруваше во бајките, еден глас ѝ шепотеше за птицата која со клунот си ги раскинува градите и од нив си го откорнува срцето; во времето кога допирите ѝ кажуваа повеќе од зборовите, една рака се приближи до нејзиното лице и со јаболко го погали нејзиниот образ.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Бајката за птицата која си ги распорила градите и си го откорнала срцето откако нејзината љубена птица одлетала и веќе не се вратила.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)