откорне (гл.) - од (предл.)

Сета нејзина бунтовност, сите нејзини измами, сета лудост, сета расипаност - сето тоа е откорнато од неа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Еднаш откорнати од родната грутка како да не беше битно каде нѐ води ова вовче на судбината, на која станица ќе запре, кој ќе биде последниот свртничар: дали богот на случајноста, кој најмногу влијаеше во неизвесното одвивање на судбината на нашето семејство или некоја друга сила?
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
И така, во смртта, за овие таткови сонародници, откорнати од своите, натрапници кај другите, можеше да се постави прашањето: кое било нивното вистинско место во животот?!
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Една сегашност: распаднати птици и кунатки, и увереноста дека може да исцеди низ своите прсти безбојност и портокаволост зашто и самиот стануваше смрзнатост пред смрзнатото прашање: „Каков Нојов ковчег спомнавте, пријателе?“ „Обичен“, откорна од своето грло. „Ремек дело на една малолетна архитектура.“
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Се спотнав дури го стасав дури го навасав уморено предаденото кротко во раката предавничка како изморено јагне како птица премалена та почнаа да паѓаат гранки и да се ронат лисја и сокот да се меша со солзите и потта слегувајќи удолу кон земјата кон дното на мојата болка врз која се најдовме во прегратка среде тревите изгазени од купиштата дрва обајцата искастрени без вршки и без гранки со пресечени снаги сложени во камари додека седалата летаа без своите птици без своите сенки без нашите плешки во бездната на воздухот откорната од незасита.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Продолжи да оди. Пенушките од брест, што беа откорнати од теренот и со булдожер беа турнати во купишта од безредие со корењата црни како јаглен кренати нагоре под чудни агли, му изгледаа стравотни и го потсетија на надуените мртви тела испечени од сонце, што ги имаше видено на северно-африканските бојни полиња.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Домаќинот со света сериозност слушаше, ја разгледуваше својата рака без два прста, ја нишаше главата како да сака да ја откорне од нејзиното лежиште.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Сега и Даскалов, мојот професор, ме потсетува на една од подвижните сенки што ги фрла раното сонце и тоа во моментите додека го прескокнуваат малите облаци што си играат криенка околу него.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„Ако беше помала, како што велиш, ќе се најдеше некој умен да ја откорне од земјата за да си ја одведе дома”, рече таа, но јас оваа нејзина досетка не ја протолкував како шега иако поштарот се смееше и кога го напушти тремот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Лимарот збунето кашлаше и го бришеше со два прста танкиот нос - се плашеше да не го откорне од лице.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
И тие, козарите беа откорнати од своите огништа во планините, како и ние од родниот крајезерски крај.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Реката секогаш повикуваше некаде, да продолжиме со селидбата, кон непознатите предели, кон морето, кога веќе еднаш сме се откорнале од родната земја.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Јас дотогаш понекогаш и си помислував дека и мене може да ми се случи да морам да заминам негде џенем, се разбира ако одлучи татко ти да си замине дома, во Новодеревјановское; жената секогаш е врзана со некој невидлив конец за мажот; ние сме сенки на чекорите на мажите; иако јас и не го прифаќав којзнае колку тоа; мислам на женското почитување ; но не зборувам само за себеси; зборувам за жените; за нивните среќи и несреќи; да, дотогаш помислував оти може да се случи и тоа, да заминеме некогаш заедно кон тоа негово Новодеревјановское; но тој ден, кога на чардакот кај дед Павел ја видов сета онаа церемонија, и оние глави без шапки што се веднеа пред Истокот како пред кандило, сфатив дека на Козаците и на другите Белогардејци им нема враќање, дека тоа никогаш нема да се случи, и дека стојам помеѓу луѓе откорнати од некоја огромна далечина и којзнае како довтасани дури до овде, до чифликот на некој си Турчин кој исто така е откорнат одовде и е фрлен којзнае каде, негде во Азија ли, во Анадолија ли, и тогаш навистина повторно помислив на Војните и повторно во ушите ги слушав проклетите војнички труби без да знам кој со кого војува, кој на кого му копа гроб, кој кого го черечи.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Ќе излезам, ќе го раскопам снегот и ќе им откорнам од празот на децата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)