открие (гл.) - можност (имн.)

Авторот всушност во вокменот открива можност за детериторијализирано мобилно однесување, поврзано со актот на одење кој за урбаниот систем е она што е (по проценката на Michel de Certon) говорното делување за јазикот.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
За жал дури тогаш ни се открива можноста да размислуваме за големината на лагата што ја имаат изодено нашите нозе.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А Таша си ги броеше прстите додека се обидував да и образложам дека сите нас животот беспоштедно не лажел.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Со тоа не се согласува не само „содржината” на Идеалот туку во целост и пред сè, ниту самиот негов статус: во хетерономната индивидуа не само што индивидуализмот се надополнува со конформизмот и т.н., туку, освен тоа, се открива можноста на прилагодувањето кон барањата на околината, на брзото реагирање кон новите насоки, така што барањата на околината претставуваат веќе вредност сама за себе.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Овие народи како да биле лишени од некои делови на сеќавањето, од пресудните документи на времето, за да може да се открие полнотата на идентитетот, а сега нему му беше препуштена мисијата да за открие можноста на постоењето на овој последен мост.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)