открие (гл.) - тајна (имн.)

- Нека не те чуди, - му вели сопатникот. – Тие во слогата и меѓусебното разбирање ја открија тајната на радоста.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Разранети им се копитата од острото камење на бескрајните друмови на историјата.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Утринум, ноќем, секој со своја молитва ја возвеличува смртта или животот, сѐ дури Буда не го довика Исуса да му каже дека преминува но дека не ја открил тајната на преминот.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Тој толку си ја владееше работата, што беше слободен и да одговара на прашања во милициската станица, само да не го натераат да ја открие тајната како се прави најубавата боза во градот. - Од каде ти е ова „Малага”?
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
На крајот, Татко, сепак, заклучи дека с уште не беше дојдено времето да ни ја открие тајната на некогашната средба со Ататурк.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Но Татко, и по откривањето на битолските сиџили, кога ја чувствуваше победата,по поразите на егзилот, и покрај тоа што судеше во различни режими, останувајќи секогаш поразен, осуден, најпосле, се најде пред искушението да ни ја открие тајната за својата средба со Ататурк.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Сакаше да ни ја открие тајната на средбата со Ататурк, како што сакаше тоа да го стори кога ги откри битолските сиџили, а сепак го одложи за други времиња.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
И така, во седумдесеттите години на дваесеттиот век, според неговите процени, не постоеше никаква опасност, ни за него ни за семејството, да ни ја открие нам, на неговите деца, некои веќе возрасни, тајната за роднинските врски со Фатхи-беј Окијар, да ни ја открие тајната на својата цариградска младост и, конечно, да ни проговори за средбата со Ататурк.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Откриениот сиџил требаше, конечно, да му ја открие тајната дали предците на неговата мајка имаат овдешен корен или, во некое далечно, далечно минато, биле дојдени од Анадолија.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
- Аха, така значи, итрецу! Ти ја открив тајната! - шепотеше Бојан, благодарејќи му на деда си за зачуваната пушка.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Сигурно ќе најдеше вистински мигови кога со благиот поглед, сигурно ќе ја смири и открие тајната за тоа што бараа сталиновите среде светите книги!
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Тврди дека ја има и сликата што ќе ми ја открие тајната по која толку долго трагам.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А и не знаев како да ја искажам мојата надеж...
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И покрај волкуте надежни зборови не бев сигурен колку можам да му верувам?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Вели: „Кога ќе ја видиш сликата ќе откриеш кој си“.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А тој ме викна вечерта во одајата на укорите, и почна да ме бие веднаш, без збор, без прашање; бараше да му ја откријам тајната ука на виѓавање на невидливото, оти сметаше дека тоа е ука што се учи, а јас ја кријам; и пак ме биеше, а јас му велев дека благодет е тоа, дарба божја што Бог на смерните им ја дава и на горделивите им ја одзема, дека дарбата не се учи како писмото и краснописанието што се учат, дека и сочинувањето сказанија не се учи и дека тоа или го имаш или го немаш, како што човек или се раѓа или не се раѓа, а никогаш не се случува да се роди половина: само со тело или само со душа.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Пред да тргне за Деде-Агач, Евангелидис му ја открил тајната на Гарванов, со кого, поради Наумов, добро се познавал.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Немајќи многу време за размислување, Павел му ја открил тајната за цариградскиот канал на својот брат Иван и побарал помош за бегање од градот.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
По долго вѕирање и разминување, Сликарот се упати повторо кон Сарајот воден од некоја сила или силна љубопитност да ја открие тајната на пресоздавањето свое во лика на непознат човек.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Дванаесет години по раѓањето на Нобел, пронаоѓачот на динамитот, се раѓа Рендген, првиот добитник на Нобеловата награда; до денес „Х“-зраците не ја откриле тајната на човековата душа.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Колку минало од тоа време - човечка воздишка, нели?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Земјата долу е проѕирна, чиниш некои нови и пресилни гама зраци ѝ ги откриваат тајните на утробата - корења и коски, под нив понорници, во длабичина усвитена јатка.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Денес беше денот кога заедно со духот на Јана, која беше од поодамна домаќин на ангелската трпеза, денес заедно со неа ќе го отворат и конечно ќе ја открие тајната содржина во него.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Не беше веќе прашање дали ќе ја открие тајната, прашање беше само како да му ја соопшти, а да не предизвика катаклизма.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Претходно од еден разговор ја откри тајната за нивното заедничко цвеќе.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Токму кога требаше да се откриваат тајните, Рада мудро го покани Ѓорѓе да излезат да прошетаат низ градот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Постоеше систем на поврзаност на овие записи со татковите книги во рафтовите на библиотеката, некаква осмозна алхемија чии тајни таткото, господарот на својата библиотека ги однесе со себе, но остави доволно за разгатка за тие што би имале моќ да ги откријат тајните кодови на неговата митска библиотека...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Дури во почетокот на XVIII век ќе им успее на германскиот аптекар и алхемичар Ј.Ф. Бетгер и физичарот, минералог и математичар Чирнхаусен да ја откријат тајната на производството на порцеланот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Порцеланот на голема врата влегува во Европа во мода во времето на барокот и рококото, а со појавата на чајот, кафето и чоколадото се создаваат и голем број облици на садови, се појавува поимот за сервис како целина.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко во врска со ова прашање имаше свој заклучок, се разбира, поврзан со лавиринтот: Мудрецот треба да ги открива тајните на Стеблото на животот, како можна варијантата на источниот лавиринт, во текот на целиот свој живот, според крајно прецизен итинерар.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Земјата долу е проѕирна, чиниш некои нови и пресилни гама зраци и ги откриваат тајните на утробата - корења и коски, под нив понорници, во длабочината усвитена јатка.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Тие никогаш ништо не изнасилуваа оставајќи самиот живот да ни ги открие тајни­те на семејството, доколку созрее нашата свест за да трагаме по нив.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Таа нетрпеливо очекуваше Татко да ѝ ја открие тајната. – Мајката на книгата, Куранот е испишан на небото.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Не ми ја откри тајната за нејзините солунски години.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Татко ѝ ја откри тајната: * * * „Ние, мајко, заминуваме ноќва!” „Каде заминувате, црна јас?!”
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
И кога ја откри тајната на патот на јагулите, тој веруваше дека излезот од него води низ водените планетарни патишта.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Немоќта да се открие преку ноќ демократијата, да се откријат тајните на пазарното стопанство, ги доведоа мафиозните структури на превласт и со пирамидалните штедилници земјата се најде во хаос, државата се распаѓаше, луѓето дојдоа до оружје.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Но, се случи набргу таа сама да ја открие тајната...
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Пред моето заминување во Париз како на дланка ми ги откри тајните на Quai dOrsay, доминантната институција на француската надворешна политика во која во најголем дел требаше да се одвива мојата мисија.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)