открие (гл.) - толку (прил.)

Е па! Е па, после ќе имале афера, па ќе имале, кога по дома немале ни афера ни дешавка за во тефтер да ја раскажат, како Мерил Стрип со оној Клинт кој не беше Бил и кој како фотограф откри толку сексипил во една средовечна жена облечена во фустан на копчање кој се носи само на пазар и коса врзана во коњски опаш.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Кога некој човек ќе ми се допаднеше на прв поглед, редовно по неколку дена ќе откриев толку работи што не ми се допаѓаат кај него и се плашев дека тој ќе помисли дека го сакам.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)