отпушти (гл.) - работник (имн.)

Уште повеќе, на овие работници им е укинато правото на приоритет при вработувањето во претпријатието во кое работеле, а на газдата му е дадено крајно проблематичното право да отпушти работник поради деловни причини и веќе следниот ден да вработи друг работник на истите работи со иста стручна подготовка и занимање!
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Предвидена е и обврска, во случај да ги отпушти работниците кои ги вработил по основа на овој закон пред истекот на периодот предвиден со овој закон, работодавецот да го врати износот на надоместените средства во еднократен износ со банкарска камата на средства по видување, освен за бројот на починати работници и работници на кои им престанал работниот однос по сила на закон (чл. 6).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Имено, барањата за издавање на работни дозволи за странец, поднесени од работодавачи основани во Република Македонија ќе се одбијат ако: а) шест месеца пред поднесување на барањето за работна дозвола за странец, работодавачот ги отпуштил работниците вработени на неопределено време; б) работодавачот одбил да вработи невработено лице упатено од Агенцијата за вработување кое ги исполнувало бараните услови; в) во рок од три години пред поднесувањето на барањето за издавање на работна дозвола на работодавачот, му била изречена прекршочна санкција за сторен прекршок на одредбите на овој и друг закон, за незаконска работа или незаконско вработување; г) работодавачот покажал негативни резултати во работењето за претходната година, ако платите исплатени на неговите вработени биле под нивото утврдено со соодветниот грански колективен договор, ако ја прекршил законската регулатива за работните односи или ако не ги намирил своите обврски за даноци и придонеси (чл. 7).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Но, со измената од август 2008, веќе не постои ниту должноста за преквалификација или доквалифи- кација на работникот, туку директно се оди на нивно прогласување за технолошки вишок (чл. 5, ЗИДЗРО/авг.08). 26 26.  Во дебатата што се покрена во јавноста, од ССМ велеа дека со оваа промена рабо- тодавачот, кога ќе го отпушти работникот поради деловни причини, ќе нема никакви обврски кон него.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)