отрча (гл.) - во (предл.)

Штом го виде дедот Петка, отрча во комшиите, ѝ кажа на Доста и — уште не ни врзани маските — се вратија двете и Доста се најде во ќералчето на дедот Ристета.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
- Благодарам... не бери гајле! - одговори другарот, ги зеде книгите и се повлече внатре.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
- Почекај малку! - му одговори Гоце и отрча во спалната.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Мајка му брзо стана и отрча во другата соба. Застана до прозорот.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Хм, си пристори авторот сам за себе и, веднаш откако се разделија, отрча во поштата да го купи новото издание на телефонскиот именик. А можеше и да се сети.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Заборавил, а во последен момент ќе отрча во галоп на пошта за да ти прати телеграма.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Токму кога се чинеше дека грчот го попушта, тој почувствува незадрж­лив диаретичен спазам и полу-свиткан отрча во правец на бањата.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Кога чула мечката од лисицата тој збор, отрчала во поле и го нашла штркот.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Аааааааааа, сега ќе те кажам на баба! - викна Томе и со злобен кикот отрча во нивната куќа.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Јас отрчав во ќеварот и ги изнесов бутот и телето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)