отстрани (гл.) - секаков (зам.)

Движењата во тој миг ѝ беа мешавина на местена сензуалност, која се граничи со вулгарност, карактеристична за повеќето ’комерцијални сексуални работнички’ и формализираните потези на службените лица, отсечни и строги, онакви какви што и би морале да бидат за да влеат авторитет, и да отстранат секаква можност за избор.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
За да се отстрани секаков вид недоразбирање, притоа јас не ни помислив на некаков вид униформа.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)