оттргне (гл.) - внимание (имн.)

Додека во болницата седев крај креветот на Хајнерле, се обидував да му го оттргнам вниманието од маките кои му ги задаваше телото.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Чанга ни зборуваше и за други работи за да ни го оттргне вниманието.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Новиот режим на Бен Али, по бурните настани, настојуваше да го оттргне вниманието од заминувањето од владетелскиот врв на дотогаш неприкосновениот Хабиб Бургиба, не само на нацијата, туку и на големиот дипломатски кор.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Драматичноста во дипломатските табори ја зајакнуваа во Тунис уште присуството на Јасер Арафат и Палестинската централа, односно Државата Палестина, којашто ја признаваше СФР Југославија како независна држава, како и Арапската Лига, чие седиште беше привремено во Тунис...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Дишеше тешко и дишењето го прекинуваше со кашлање кое му ги раскинуваше градите.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)