охрабри (гл.) - од (предл.)

И Богдан, отпивнувајќи од чашата, погледот го држеше кон неа; охрабрен од пијалокот сѐ така очите ги имаше вперено кон неа за да ѝ го види подобро и подолго оној нејзин змиски поглед, оној нејзин отровен насмев, она нејзино кисело собирање на усните мачејќи се да се насмевне, она нагло менување на боите на лицето предизвикано од внатрешниот немир, она нагло менување на расположението, она нејзино нервозно префрлување нога врз нога, она почесто палење цигара и нервозно гаснење тукушто запушена и она нејзино уморно поджулнување на слепоочниците со прстите, она нејзино постојано ставање на рацете на маса, па на скут не оставајќи ги ни малку да се смират.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Поточно, тој и за времетраењето на спорот, правно гледано, не беше во работен однос бидејќи своето работно место го напушти уште пред да го покрене судскиот спор – кога, од страна на тамошното раководство, му беше понудена отпремнина во вредност од околу 2.000 ЕУР за „доброволно“ да го напушти работното место. 182 ***
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Но, откако нејзините претпоставени одбиваат, па 219 дури во нејзиното „работничко досие“ забележуваат дека нејзе наводно и престанал работниот однос не доброволно, туку поради недоаѓање на работа три работни дена последователно (!?) – таа решава да се консултира со адвокат (А.Шоптрајанов) и да поднесе индивидуална тужба против аптеката во која порано работеше.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Величковски, кој сега работи во приватна агенција за обезбедување, а дополнително и како електричар и хаусмајстор на повик, охрабрен од добиениот спор и од тоа дека, сепак, и во нашата држава може да се добие судски спор за прекршени работнички права, е решителен за тоа дека и во иднина повторно би тужел доколку му биде повредено некое право од сферата на трудот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
На овој потег, кој се случи во август 2008, Папазова е поттикната и охрабрена од успехот на некои поранешни колеги, кои веќе имаа добиено судски спорови против истиот проблематичен работодавач.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Со Југославија отсекогаш сме имале одлични односи Излегував задоволен, охрабрен од претседателската палата.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Секретарот мигум молкна за да го види ефектот од своите зборови, па охрабрен од молчењето, продолжи: – Ние со многу тешкотии најдовме куќи за вас. Подигнавме бараки.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ние децата живнавме. Братот партиец, охрабрен од претходната пофалба на шефот, прв одговори: – Балканска! – Балканскааа! – запишуваше шефот. – Немаат козите националност.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Се сврте кон нас и, охрабрена од нешто, продолжи: – Пред да го сторам, со вас, првиот чекор кон визбата, мене како да ме фати јанѕа.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)