очекува (гл.) - одговор (имн.)

— И со запрен здив почна да очекува одговор.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Го гледам својот сосед во авионот, гледам поглед кој очекува одговор.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Го заборавија прашањето и веќе не го очекуваа одговорот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
За каква пушка говориш, кој ја украл?“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Мислам дека не грешам? - и ме погледна. Веројатно очекуваше одговор.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
А Мајка можеби го очекуваше одговорот кога беше најмногу потребен, пред мојата дипломатска среќа.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
- Велам како си? повтори; како да не очекува одговор, додаде: - Да влеземе.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Кога човек ќе постави такво прашање, обично очекува одговор во стилот: “Дај, не биди параноичен” и слично.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Татко ми брзо и нервозно го очекуваше одговорот. – Калето е опколено од сите страни со војска и со полиција.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)