очекува (гл.) - во (предл.)

Промоцијата се очекува во текот на месецов во МГС. Значи - стрпливост!
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Country влијанијата се, според првите информации, многу позабележливи на новиот албум на Dinosaur Jr. чие излегување се очекува во текот на оваа пролет. Mascis исто така се појавува и со една песна на „Misunderstood“ на Tribute албумот на Richard Thompson (ex-Fairport Convention).
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Бидејќи едновремено го губиме сопственото јас и ја прифаќаме лажгата дека имаме автономно его, од нас се очекува во себе да ги почитуваме надворешните ограничувања, и тоа речиси до неверојатни размери.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Сигурно ќе продолжеше да мисли само на ножот, ако не се случеше она, што најмалку го очекуваше во тој миг.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Како светкавицата што не ја очекуваш во темнината.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Лука Карер пристигна во првата квечерина и ги најде како тој, жена му и трите деца, го очекуваат во нивата куќа, со спакувани куфери, подготвени за скорешното заминување под закрила на ноќта.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Куќата ја напуштаа како да одат на кратко патување, а не во егзил со непознат крај.  „Сè ќе биде добро”, изговори Карер, повеќе за да си ги успокои разбрануваните емоции и да ја пополни непријатната тишина.  „Тоа го знае само Оној што нè гледа и во оваа темна ноќ”, рече рабинот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Арафат ќе го очекува во секој миг вердиктот на историјата.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тој ќе согори во овој идеал, положувајќи го својот живот како постојана жртва.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Стариот Раиз го очекува во градината нерамен бој со бројните диви тревки и корени, кои се намножиле околу јасминовите стебленца и хибискусите.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Се доближуваме до Авенијата на палмите, блиската резиденција.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Многу ги сонуваше Ролан тие нивни жени.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
„А можеби и го излажал оној проклет Иван Степанович дека некоја вила од нивни крај му довел, и дека таа го очекува во креветот.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Тоа беше чудо: првпат во нејзиниот живот ја разбираше маж, кој ја слуша со сета своја душа и не очекува во замена да спие со неа.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Вратата се отвори и се заниша на ментежињата, отворајќи се и затворајќи се.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Од вратата ѝ даде бискупски благослов и замина засекогаш. - „Верувај ми“ - беше последното што ѝ го кажа.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Бев во голема невола: ми претстоеше итно патување; еден тешко болен ме очекуваше во село оддалечено десет милји; силна снежна меќава го исполнуваше просторот меѓу мене и него; имав кола, лесна со големи тркала, токму онаква каква што е потребна за нашите патишта; завиткан во бундата, со ковчежето со инструментите в рака, веќе стоев во дворот, подготвен за пат; но коњот, коњот го немаше.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Во првиот поглед што му го упати на Татко, таа како да бараше заштита од него, разбирање пред неизвесноста на судбината која ја очекуваше во големото патријархално семејство.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)