очекува (гл.) - токму (прил.)

Фантастичното ја раздира површинската кора, па поради тоа потсетува на едрена точка; постои нешто што дури како да настојува да нѐ исфрли од рамнотежа.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Сега ги гледаше како се оддалечуваат, нишајќи се во длабокиот снег и еден миг се почувствува виновен оти толку многу го очекуваше токму овој миг кога ќе им го види грбот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
„Господи, госпоѓа Родна, тоа е сложено прашање“, забележува мирно, но некако брзо и подготвено татко ти, како да очекувал токму за овој проблем да се расправа.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Отсекогаш знаев дека најголемите изненадувања нè очекуваат токму на местото каде што конечно би научиле дека ништо нѐ не изненадува, разбирајќи под тоа да не се вџашуваме пред нарушувањата на поредокот.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Ги најде седнати и молкнати, една до друга на одарчето, загледани во вратата чиниш одамна ја очекуваат токму неа.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Пред да потоне во едно модрило, што му го преплавуваше целиот поглед, а после се расплинуваше и добиваше некакви крвави токови, помисли само уште дека она стреснување на окитот, што го виде во буките надвор, беше нешто, кое во некое свое далечно време, што сега воопшто немаше никаква врска со него, а сепак постоеше, тој го очекувал токму такво, дрвјата токму така да почнат да ги стреснуваат од себе тешките грутки снег.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)