падне (гл.) - смртно (прил.)

— Ќе ги држиме сардисани дури да ги изгорат фишеците, па око не се теслимат, тогаш ќе им влеземе и живи ќе ги фатиме, или најпосле, ќе запалиме куќава и бити вајде — донесоа решение заповедниците, а веќе и самиот бимбашија од кашлата пристигна со целиот табур војска од пет шестотини души.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Се обидоа двајца заптии да го прескочат ѕитчето и да им се доближат до прозорчето, но паднаа смртно погодени од двете манлихерки.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)