памети (гл.) - дека (сврз.)

Дури кога поминале некои од нив да служат во новоизградениот хотел во градот а другите во куќата за разонода на И. Мали, јас сум се нашла во полето, близу до ќерамидницата, но кој ме довел таму и со каква цел останува да се разреши во некое друго време кога на вистината ќе ѝ тргне од рака да ја намота измрсената преѓа на настаните во чист здрав клопец.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Мајка ми ја измолкна една зима од под сламарицата и ми ја навлече врз другите алишта.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Паметам дека тогаш си го спомнав оној твој совет од последниве денови.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Подобро било да поверувам и да паметам дека сите тие девојки (а помеѓу нив се наоѓала и мајка ми) што ги служеле арабаџиите и трговците додека работел анот на Дуко ми биле по малку и мајки.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ќе го повторам за да се потсетиш: Секогаш оставај размислите да го испреваруваат она што го правиш.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Една од потврдите дека тој престој вистински се случил беше и партизанската блуза. Веројатно паметите дека ја носев.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Знам дека се прашував, бидејќи паметам дека лично се воздржував од каков и да е одговор, иако далеку во мислите наслушнував нешто како шепотење од кое можев да сфатам дека на ниту еден настан не може да му се стави точка и да се прогласи за звршен.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Паметам дека се чувствував прилично сакато кога го извлече од панталоните патлакот, подготвен како за парада!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Во околните села се распрашуваме кај луѓето дали паметат дека низ нивните села, патишта, ниви и ливади пред многу години поминаа многу луѓе?
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Паметам дека во оваа насока беше футбалскиот стадион.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Паметам дека „мојата” куќа, нека ја наречеме така, зашто навистина беше таква што тогаш и сега, ја чувствувам како своја, беше ниска, само со приземје, покриена со керамиди, опкружена со висока авлија и голем двор со многу разновидно цвеќе и тукушто расцутени трендафили.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Не се памети дека во чест на Петропулакис, јунакот и херојот од Крит и неговите паликарја биле одржувани свечености.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Градоначалникот е обврзан да има чист глас, што надалеку се слуша; тој треба да памети дека белите дробови на градоначалникот се создадени за издавање наредби.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Таквиот изглед за потчинетите е мошне пријатен.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)