памети (гл.) - ли (чест.)

- А како еднаш ми донесе зајаче од планината? - вели Златко. - Паметиш ли како си играв со него?
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
- Ти паметиш ли нешто од турското ропство? - Да, како не, се гинеше тогаш, за да се направи држава.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Се шеташе по тесното местенце меѓу сламарниците. - Паметиш ли? Им избегав. - Те фатија, - меланхолично шепна Арсо. - Ќе им се извлечам пак!
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Така и Ангеле стана јаничарски ага на дворот од Мехмеда и не еднаш си разговараа со својот господар. – Паметиш ли нешто Арслане, од твојот вилает?
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
- А паметиш ли дали во Прењес тогаш имаше православна црква? - Немаше. Сигурно немаше. - А џамија? - И џамија немаше.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
И тивко некој ќе потпраша – а паметиш ли? Паметам – одекнува тивок шепот...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Паметиш ли, му велам, како пролетта 48, кога зазелени тревата, кога набабреа пупките, како јадевме трева и собиравме пупки?
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Прашувам – паметиш ли кога врз нас се истури снежна бура?
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
- Паметиш ли, - му рече стрико Настас на деда Лика, - кога нѐ начека Луман во коријата над Бистар кладенец?
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Авдотја Игнатјевна, ме паметите ли мене; паметите ли како пред петнаесеттина години додека сѐ уште бев четиринаесетгодишен паж, вие ме развративте?“
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
И замислете си, јас имав дадено збор, бев сосем верен - Шчевалевска, три месеци до шеснаесет години ѝ недостигаа, таа е уште во училиште, со неа деведесет илјади даваат.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)