паркира (гл.) - кола (имн.)

4. - Оваа треба да е куќата на човекот што го бараме – ѝ реков на сопругата и ја паркирав колата до оградата од ковано железо.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Човекот во престилката и Живко се испоздравија како да служеле заедно војска, но Живко сепак стаса да му спомне на Предо да ја паркира колата во најдлабоката сенка, зашто овде сонцето особено печело напладне а ние може ќе се задржиме дотогаш, мислејќи притоа на месото посолено со црн пипер и на рибата обложена со коприва.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Тука ја паркира колата на ширинката над патот.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Оттаму стануваа, заедно преминуваа преку плоштадот кај пристаништето меѓу врвулицата луѓе меѓу кои и многумина познати и одеа во некоја од уличките зад хотелот „Палас“ каде што обично Германија ја паркираше колата и заедно се одвезуваа во викендичката во Лагадин.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)