паркира (гл.) - во (предл.)

Додека летуваа, ја беше паркирал во длабока сенка, дури и со половинки тули под тркалата; но, место тој, некоја банда ќе да беше ја позајмувала, барем ноќе, зашто не само што тулите ги снемуваше туку и од резервоарот беше исцицан сиот бензин.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Беше паркиран во дворот, под лозницата: црвен, светнат, напрчен.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Телевизорите се надвикуваат како соседи пушачи залактени на прозорците. (Автомобилите како да ми ги паркираат во спална.) Истите гласови, истите имиња вметнати меѓу две пцости.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Таласот некако проаѓа додека ја чекаш раздраганата и лепршаво–буцмаста хостеса да те паркира у некое сепаре.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Одевме пополека, иако горевме од желба што побрзо да го видиме Стојадинот.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Поради мене командуваше да не трчаме: да не би раната да ме заболи.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Се стрчувам по удолницата, исто како автомобилот, кој се симнал од тротоарот и си се возел сам удолу, поминал на другата страна од коловозот, се качил на тротоарот отспротива, ја срушил оградата и се паркирал во дворот на една куќа.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Откако на Заим, кој со волксвагенот беше паркиран пред амбулантата во Драчево, му ги предаде Варја и Лина и тие заедно со Богдан Русимиров заминаа за Селишта, Авни сврте в десно и, по редицата од десетина бараки од почетокот на Ноемвриска улица, влезе со комбето во широко отворена порта и се паркира во дворот, на тревникот, пред мала приземна куќа.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)