пародира (гл.) - или (сврз.)

Нивното полагање право на нашето верување се ослабува, нивната првовеликост се подрива кога се пародираат или кога се нагризуваат, исто како што се поткопуваат сексуалните и родовите идентитети кога се театрализираат, кога се прикажуваат како улоги, а не како суштини, кога се третираат како општествени изведби, наместо како природни идентитети, а со тоа и се лишуваат од тврдењето дека се сериозни и автентични, од нивното право на нашата морална, естетска и еротска верност. ‌Но, да се дереализираат хетеросексуалните или хетеронормативните општествени улоги и значења, да се раздрма нивното неприкосновено полагање право на сериозност и автентичност не значи да се сврши со нив и да им ја снема моќта.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Доминантните општествени улоги и значења не може да се уништат, ништо повеќе отколку што може да се уништи моќта на убавината, но може да се поткопаат и да се дереализираат: можеме да научиме како да не ги сфаќаме направо (“straight”).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)