паѓа (гл.) - прв (прид.)

Врз ноздрите на добитокот тромаво паѓаа први мушички.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Пелагија запира малку, ја поткрева главата, врз лицето ѝ паѓаат првите студени снежинки и наместо да ѝ одговори на Чана, друга мисла го зафаќа местото во нејзината глава, дека може заради оваа промена што мигум се случува таа го имала тоа ни добро ни лошо треперливо неспокојство.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Од стоплениот камен видливо се креваше лилаво испарување.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Последен пат излезе кога почнаа да паѓаат првите снежинки; излезе да им се порадува; ветрето играше со нив, ги витлаше низ воздухот продолжувајќи им го што подолго животот пред да паднат на земјата; му се лепеа на лицето, на очите престорувајќи се во солзи.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Некаде спроти запад паѓаат првите снегулки светлина.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)