паѓа (гл.) - надолу (прил.)

Гледав како боите на крилцата им се отсјајуваат, трептат малите окца, се креваат и потоа пак паѓаат надолу, мислиш ќе се урнат, но пак се извишуваат, тетераво и несигурно.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Бистрата водичка како сребро се лееше низ каменот, паѓаше надолу и чудно едномерно гргореше...
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Не знам кон кај паѓам, ама паѓам надолу, а надолу дно нема, земја нема.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Косите беа покриени со многу долги еднобојни марами врзани во форма на шешир кои продолжуваат вкрстени околу вратот и паѓаат надолу како шалови.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
„Да“, одговарам, хипнотизиран од тоа како настануваат зборовите, како вода на јазикот, и паѓаат надолу, во воздухот, со воздржана убавина.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)