паѓа (гл.) - тешко (прил.)

- Не знам што ќе правам без тебе, ми рече, кога ќе ми текне дека утре ќе си одиш ми паѓа тешко.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Беше во налет на младоста, па работата во фабриката, како металоглодач и работата на земјата, не му паѓаа тешко. Многу малку време поминуваше дома.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Посебно ми паѓа тешко фактот дека оваа измислица треба да компромитира познат учесник во борбата за слобода", нагласува во своето сведочење другарката Басотова.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Се разбира ние ја замоливме овој дел од изјавата да го изостави.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Дубровчанецот небаре тргаше некакви големи пердиња пред неговиот ум, но тие сепак паѓаа тешко, враќајќи се назад удираа по воздухот со прашливото паѓање и го зашеметуваа, терајќи го да замижи, за да се заштити некако.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Таа се смешкаше мило на сликата, а црната коса ѝ паѓаше тешко на обете рамена.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Тоа што вујко ми не ме прашуваше дали сум гладен или каде сум цел ден не ми паѓаше тешко, туку кога од првиот сон ќе се разбудев од некои нозе што поминуваа покрај мојата глава и влегуваа во заграденото од одајчето.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Тоа не ми паѓа тешко не само што е блиску, туку и заради тоа што ми е интересно, ќе можам нешто да прибележам од старцине што везден се на тревата околу бараката.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)