пие (гл.) - чај (имн.)

И сите ги гледаат и веруваат дека пијат чај, но само едно не им е јасно и се праша по некој: — Зошто, душко, овие луѓе пијат по пет шест десет чаеви наутро?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Трите тетки на три бидермајер фотелји – пијат чај.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Во една од студените вечери додека го пиеја чајот со рум, Јана прва ја начна темата која речиси два месеци висеше во воздухот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Моето трето око почнува да зрачи, црн отров ми го исполнува телото а девојката ми раскажува за сторијата на дрогите и рокенролот. 5.30 Во такси сум заедно со уште три прекрасни девојки.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Одиме во нечиј стан во Сохо. Пиеме чај, пушиме грас и ја слушаме Нина Симоне.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Реакцијата им е - „не сум болен“. „само во зима пијам чај“ или „ај’ добро, ама за мене овошен“.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Седам сама и, како по обичај, пијам чај од нане.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
„Фала му на Бога - знае често да каже Миртл додека во њујоршките квечерини пијат чај самите или со пријателите - во нашите животи не нѐ растревожија потресни настани”.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Иако сè почна многу надежно.  И пак: Сводот е покриен со сивокрили ангели со леден поглед...  Не, во професорската канцеларија, седнати на удобните фотелји, рабините од семинаријата пијат чај во фин порцелан и зборуваат за него.  ...
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Мавтаат професорите со дневното издание на Дер Морген и го фалат неговото интервју.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
И да беше Елена жива, тешко дека би можел да направи нешто со неа, освен да пие чај.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
А еве, татко ти мене ме научи да пијам чај место кафе.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Кога грците ќе ги пуштеле да се вратат во Родникрај ќе пиел чај само од тој боз.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Постојано си пиеше чај од кантарион и од други тревки.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Иван Иванович многу се лути ако во чорбата пронајде мува: тој тогаш просто излегува од кожата - и чинијата ќе ја фрли, и домаќинот ќе го искара.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Иван Никифорович многу сака да се бања, и, кога ќе седне во вода до грло, наредува да му се стави самоварот и многу сака да пие чај во вакво студенило.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Пиеја чај. „Ве молам да тргнеме“, рече на крајот слугата, „зашто тој ќе замине“.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)