пикне (гл.) - под (предл.)

Ајде, на куп фурките и вретената!... - Тој собра сува трева, накрши суварки, ги пикна под купот и ги запали.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ама да го имаш, зашчо ако го немаш, тогаш јаска лично ќе те стреља! - му подвикна и му ја пикна под нос цевката на пиштолот што наеднаш го извлече од зад појас. - Ќе те стреља като бесно куче!
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Се пикна под топлата јамболија, симнувајќи ги само мартинките од своите нозе.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
На улицата пред куќите на тие двајцата забележувам еден од овие лизурковците што пред малку се пикна под масата на која седевме и се стопори мене да ми ги лижи стапалата.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Така, на пример, ми станува јасно дека: - менувам долна облека со различно темпо: гаќите по два пати на ден, маиците еднаш неделно - подзаборавам некои француски фрази што некогаш солидно ги употребував, па наместо „trois heures moins quart“ велам „deux heures quarantecinque“ - бричењето наутро ми се одолжува на 40 до 45 минути - минатиот понеделник едноставно ми попречи постоењето на борот (засаден во дворот од татко ми на денот на мојата мала матура, пред цели 30 години) и морав да го дадам да се исече, зошто одеднаш паднатите иглички почнаа да ми ги затнуваат одводите за вода на покривот - не можам да догледам 60 насто од театарските претстави и 80 насто од филмовите, а опседнат сум од хорор сцените на ТВ екранот, во кои што ѕиркам до доцна во полноќ со глава пикната под дланките.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
„Nevada“, во следната секунда, покажуваше 18:40:15. бројките на рускиот часовник беа големи, светли врз темна основа,па во склоп со металниот ремен, изгледаа некако стабилно.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Слушаше трчаница. Го отфрли од себе јажето и стреловито се пикна под една издадена в страни карпа.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Ми даде и топломер и јас некако го пикнав под мишка.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Тој може би сега завиен во студените крила на ноќта, се сеќаваше за домашниот топол кат, кај што пикнат под јорган не го слуша пијаниот глас на татка си, кога ќе дојде доцна од град ни плачните прекори од кај мајка си.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Амалите и чистачите на чевли се пикнале под стреите и се греат на запален весник.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Дедо — фап — вака, ми ја зеде главата и ми ја пикна под мишка.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ја затекнав легната покрај Ирина: ѝ се пикнала под гуша и само ѝ гуга.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Во мракови се прибраа в село и Пелагија не ја лсна сијалицата кога влезе во одајчето, туку така промрзната и извалкана, се пикна под кувертата.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Што стана потоа? Фигаро мјаукна и се пикна под креветот, а осата остана неподвижна на своето место.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Ќе ти влезе во свеста ќе ти се пикне под кожа ќе забега во зоната на интимата и оп, еден ден ќе му појде од рака да го состави она што ти си го скршила да го препише она што ти си го избришала да го ископа она што ти си го потиснала длабоко во тебе, со луд ум на лавина да го открие она што си го забранила за јавна употреба;  ќе ги размрсува и повторно ќе ги замрсува знаците-јазли на твојот личен и на македонскиот синдром ќе си поигрува со преобразбите од дамнини до иднини од лично до колективно ќе ги претвора софистицираните искази и поетските евокации во егзистенцијални слики за да ја долови речито сочноста на твоите исконски мори на твоите детски занеси на твоите судбински застранувања;  можеби ќе те надмине со помош на вродената смисла да глуми да ја игра улогата на другиот да се губи во другиот небаре голтнат од ништото.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Го пронајдоа во близината на мравјалникот, пикнат под еден сув лист.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Ќе се искрадел и ќе се пикнел под некој вис, во некои стискови, меѓу буките и така свирел со гајдата. Свирел и плачел и само се обѕрнувал.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)