пише (гл.) - и (чест.)

Тука беше и Ѓеро Ѓенески и Неделко Сивески. Пишавме и писма. Писмата долу ги занесе Неделко Сивески. Ги занесе и не се врати.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Час подоцна, за тоа ѝ пишав и на Агна: „Луѓето во Маказар, такви какви што се, гневни, а некадарни да го преземат она што треба и во часот во кој што треба, можеби заради долгата историја на исплашеност, се јадат меѓу себе како шкорпиите што си ја јадат сопствената опашка.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Пишав и до ЦК, вели, и до главниот одбор на ДАГ, но писмата изгледа не отидоа подалеку од овдека...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)