пишува (гл.) - текст (имн.)

А, контрола немаш никаква. Ти само продолжи да си ги пиеш своите кафиња, да си пушиш цигари и да си пишуваш текстови.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Но, Хајдегер го продолжува континуитетот на концептот за пишуван текст од 19-тиот век.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Само продолжи така; кај Надежда на кафе; со другарка ми Славица одам да прошетам низ населба; со другарка ми Софија бев во „Багдад кафе“; ќе појдам до кај сестра ми... а децата нека прават што сакаат, секое на своја страна.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
За да се протолкува апстрактен пишуван текст, неопходно е да се мобилизираат највисоките ментални способности.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Страхувам и да не го повикаат итно татко ми в болница, но исто така и од тоа да не рече мајка ми: - Ајде, побрзајте со вечерата, да ве легнам, зошто имам да пишувам текст за утре.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Од самиот почеток на филмот гледаме двајца Просперовци, обајцата ги игра Гилгуд - едниот којшто го пишува текстот на драмата што ја гледаме и вториот којшто учествува во дејствието. (Сосема спротивно, Ариел го играат четворица актери на различна возраст.) Сценографијата, архитектонски каприци во духот на Hubert Robert и Ledoux, содржи колонадни атриуми, засводени премини, обелисци, пирамиди, дури и прецизна копија на Микеланџеловото скалило од Лоренцовата библиотека.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)