пласти (гл.) - во (предл.)

Добро знаеше дека, на Запад, за време на петте изминати векови, се испишани неброени библиотеки од книги со вистини, животот се пластел во монументални институции со видливи континуитети во времето.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Камилски ja чувствуваше мошне блиску темата на инаетот, како психопедагог, a со поговорката што ја кажа, за таткото, мајката и децата тој целеше кон едно од главните обележја на балканското патријархално семејство, во кое владееше ригидноста на воспитувањето во реската поделеност на родителскиот авторитет и детската послушност, како два облика на инает, кои се формирале помеѓу двете генерации.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Камилски се насмеа, но потоа, прифати со сериозен тон: Смеата настрана, но нема збор што би можел, подобро од оваа поговорка да го долови не само албанскиот туку и целиот балкански инает, создаван и пластен во времето на османското владеење во нашите земји!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Има зборови кои не трпат објаснување, тие самите за себе и по себе ја содржат сета содржина пластена во нив во текот на времињата. Таква судбина има занданата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Му исчезна ентузијазмот, радоста од амбицијата.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
И тука, на рудникот за историски солунски мермери чиј материјал пластен во болка и почит низ вековите, од пред пет денови се распродава и исчезнува бесценето, брзо, евтино и банално.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
За еден анонимен француски книжевен критичар Атеистичкиот музеј може да се чита и како источен палимпсест чии седименти не престануваат да се пластат во трпеливата потрага по идентитетот на еден народ на кого му е избришано небото пред неговите очи, додека метафората на Атеистичкиот музеј, останува стравичен симбол на искоренувањето на религиите во сите облици.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Собрав сили и искрено, како што чувствував во тие мигови му одговорив: - Има книги, почитуван Претседателе, кои се пластат во вас со години, се пишуваат во вас.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Долго време незборувани, овие други јазици се пластеа во лавиринтот на нејзината потсвест.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Зар немаше доволно грижи со сегашноста, па сега мораше да ги пласти во свеста и маките на минатото.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)