плаче (гл.) - за (предл.)

Нема никој ни да а испраќа ни да плаче за неа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
5.2 Јас не знам да војувам. Јас болувам и самувам И плачам за вас ближни мои И ви велам И си велам: Доаѓа часот да се прочита бескрајноста На морето Да се состават букви од скршените линии На хоризонтот, Да се седне на островот и да се самува Под осамено дрво Што говори со древен јазик.
„Век за самување“ од Веле Смилевски (2012)
— Ами сега шо правиме ал, стрико Јоване? — се притапка Миша плачејќи за побратимот Толета. Не бери гајле, невесто.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Градот е сив, градот е див во градот се чуствува огромен јаз го газат бездомници и криминалци а градот загаден сите ги голта Се шири смрдеа од ѓубре и стока дрогирана нација плаче за Европа од зградата копа мирис на манџа целото маало во канџа на ганџа
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Но ако двајца педери посинат дете и тоа почне да плаче за цицка, шо ќе му понудат? - ја запраша Метакот.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Видов ѕидови кои плачат за мурали, пајаци - мршојади, контејнери напатени.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
А кога сонот навистина стана вистина, цели дванаесет ноќи од синот на Тајко бегаше сонот, а клепките му тежеа како весла, иако целото негово тело се разболе и плачеше за сон.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
— Повеќето плачат за јадење, му велам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
По некоја недела беше останала жената му на Силјана сама дома и си седела во двор на ругузина та си везела една кошула со црна преѓа, како за вдовица; си везела и си плакала за касметот што го имала, дека без домаќин останала.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
– „Немој, мори мајко, не плачи за Силјана, ѝ велел Велко, оти за Велигден ќе си дојде аџија.“
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Ами ако ние толку многу плачиме за љубовниците, тогаш што остана да прават за мажите си кога ќе си најдат друга, ами за нас девојките не е оправдано ни солза да пуштиме.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Тој се свртел и им рекол: - Ќерки Ерусалемски, не плачете за мене, туку плачете за себе и за своите деца.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
По Христа оделе многу луѓе, меѓу нив имало и многу жени што плачеле за Него.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Јас плачам во очајот на едно „патување“ без стапки, без сила... Оваа ноќ, тажно плачам ЗА ТЕБЕ...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
А кога ќе успееше да заспие, сонуваше морничави соништа.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Треба јас да плачам за тебе, мајко, рече Ѓувезија Дубровска и стана, ја прегрна.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
- Да беа живи децата, велам, и тие ќе плачеа за кучето, како тоа што плачеше за нив кога ми умреа, велам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Покрај неа и едно рането војниче што плаче за вода. Се моли. Кај да му барам вода?
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И небото плаче за Ангелета мој, си мислам. Ум недоветлив, човечки.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А Капинка и Ѕвездан ми плачат за јадење. Јас ги тепам и ги бркам од собата на Здравка.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)