плаче (гл.) - над (предл.)

Така, неодамна, во некоја емисија, обични луѓе, натпреварувачи, плачат над супермаркет количката натоварена со дебели мисирчиња, џиновски кутии детергент, плачат како да ги погодила некаква невидлива природна катастрофа.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Им ги шират искинатите крилја и плачат над нив.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Си плачам над него, цело тело ми плаче од радост.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
„Ги оплакувам живите“, рече Марко Марикин.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Плачејќи над нас, паѓам од смеа. Солзите не ги разбудуваат оние што отишле и што не ни рекле збогум и проштавајте.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Останал сам вртејќи ја апнатата рака кон месечината за да ја види крвта, ноќе потемна и од ноќ. Видел, 'ржел.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Премреже, несреќичка: вчера се котел и плачел над Калпаковиот гроб, денес станал питач по женско месо.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Речи му чинев така на Јона и - плачи, плачи, плачи над Роса, дури да замалам. Ја гледам како кашла, заоѓа и помодрува. Море, море - зорт, море.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ги отворам очите и гледам - Уља ми ја зела главата во скутот и плаче над мене.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И Јоше ќе гледал и ќе плачел над дупката, како над рана што никогаш нема да заздравее, Така - еднаш, двапати, така - трипати, четири и Јоше Свирачот избегал од кај татка.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)