плаче (гл.) - со (предл.)

Плачеше селото, плачеше со силен плач до небеси... Селото се зави во тага...
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Мајка ми плачеше со месеци на терасата на која баба ми го плетеше највкусниот кукурек на сите времиња.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Сакав да плачеш со мене, овие солзи се моите чувства.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
На мала цврста лединка прскаат жолти сонца под копитата на гладот Темни концентрични тежини бујат над пејсажот зрел што плаче со искри од леб Луд виор од млади надежи сонува шарени звуци – широка песна на ветрушка Огромни товари ден лазат по долгиот пат од солзи и од смев
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Солзите немаат цена, можеш да ги избришеш но не и да им ја намалиш болката!
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Слушајќи го раскажувањето на Вера чувствував дека и јас безгласно плачам со горчливи солзи.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Ќе се зацрвенеше и не можеше да престане.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Оној плачеше со своите огромни, отпуштени раце, се препкаше по темелите, не наоѓајќи си го никаде своето место, а неговата црвена коса се посипуваше со прашина и се излепуваше од потта, гаснејќи.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)