плаче (гл.) - и (чест.)

По нас плачеше и времето: врнеше и дожд и снег.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Чанга раскажуваше со насолзени очи. Сигурно плачеше и татко ми.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Од детинството сѐ што им е мило ним и нам ни е мило; на сѐ што се радуваат тие и ние се радуваме; тие плачат и ние плачеме; тие се смеат и ние се смееме.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
И така: и плаче и не запира да пее.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Олкави вака солзи, ко петлици. И тие плачи и ние плачи.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)