плесне (гл.) - со (предл.)

- Пеки, пеки, ефенди!51) - одговори командирот и плесна со рацете.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
- Сакн! 52) Само тоа не! - одговори инженерот и дополни: - Главата така не ја давам... Знаеш, уште ми треба...
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Логотетот меѓутоа, плесна со рацете во знак на одобрување на Филозофот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И плесна со дланката, зашто му се стори дека премногу чека на одговорот.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Гледај. Ја развлече устата во лажна насмевка и плесна со дланките.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
- Ах, дојде, од кога те чекаме! - извика џуџето со тенко гласче како да пее, плесна со малите раце и брцна во џебот што му беше пришиен на средината од палтото и му ги покриваше целите гради, стомакот и нозете до колена.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Тогаш од пепелта на самотијата се зададе Давид, на мнозина им се стори малку подгрбавен и омлитавен, киниса средполе, однапред отпишан и прежален од сите, да му се истопори еден на еден на титанот, мечка страв мене не страв, нешто си мрмореше самиот на себе додека ја токмеше прачката, срдито си велеше доста тука се пееше прачка имам кураж немам, време е да има варено млеко за нашите деца, време е на пазарите да има и цреши без црви и со црешови семки да се запише дека тука нешто вистински постоело.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Беше навистина еден на еден. Мал, мал ама техничар, Давид го плесна со каменот од прачката Голијата средчело, сѐ се заврши мигум, Давид мигум фрли поглед кон скришната ѕвезда на небото и додека сите вџашени се прашуваа до прачката ли е, до каменот ли е, до раката ли е, мрзоволно киниса накај дома, како што денешнава младеж пред полноќ мрзоволно се качува на последниот автобус за приградската населба.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Кога, пак, тој ѝ раскажа што била работата, таа плесна со рацете и рече дека треба да оди директно кај началникот на полицискиот реон, дека блоковскиот ќе го измами, ќе му вети а потоа ќе го влечка; дека е најдобро да оди направо кај началникот, дека тој ѝ е дури и познајник, зашто ×ухонката Ана, која порано работела кај неа како готвачка, сега е дадилка кај началникот, дека таа често го гледа и него лично како минува покрај нивната куќа, и дека тој исто така секоја недела е в црква, се моли, а во истовреме ги гледа сите со весел поглед и дека, според тоа, по сѐ се гледа дека е добар човек.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Тогаш таа плеснала со рацете за да ја викне жената на најмладиот брат: ’Јатрвичке наша најмлада, ѝ рекла, невесто мила на млад ни девер, ајде место нас однеси им јадење на мажите, чунки патот е долг а нам нозете ни се папсани, та ние веќе не сме млади и лесни како тебе.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
- Фати ме и врати ме во торбата! - рече рибата и плесна со опашката.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Тие ќе плеснат со крилјата, ќе потскокнат, ќе кракнат и пак одат по неа.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
„Стража!“ царот плесна со рацете. Стражарите се појавија трчајќи. „Фатете го овој човек!“ И стражарите го зграпчија летачот.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)