плови (гл.) - облак (имн.)

Надвор беше студено и месечината светеше. По небото пловеа облаци.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
И секоја пролет, кога ќе расцутат првите јорговани чија модрина се истура и во Мајкините градини од нашите одамна напуштени куќи, над кои пловат облаците на семејството, меѓу небото и земјата, небаре исто како во сликите на Шагал, во мене се враќа споменот за Мајка.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
“Христос”, се шегува одвратниот, педерлив стар Светец и зема палачинка од алабастерската чинија...
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
(„Уметноста е мрачен ритуал...“; „О, не, уметноста е бескрајно уживање!“, одзвонуваат - низ бедните скопски шупи налик на „Филонус” - здодевни драпаници, но сепак...) така и (близок, авторот, неговиот пресек) до целава беда што ја фураме: „Надвор, бледосино северно небо по кое пловат облаци, како на лош акварел на умирачки студент по медицина...
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Надвор, бледосино северно небо по кое пловат облаци, како на лош акварел на умирачки студент по медицина...
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)