плови (гл.) - низ (предл.)

Шлепови пловат низ Берлин и носат стока...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Ги собираа од покривите, од дрвјата, како пловат низ водата или заплеткани во урнатините на куќите.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Изборот е, веруваме, репрезентативен и речиси како прва информација на овие простори, доволен. okno.mk | Margina #26-28 [1995] 80 ХАОСОТ: ЈАН Персивал Наука за стварниот свет Ако од мост гледате како еден лист плови низ потокот, ќе забележите како застанува во еден малецок вир, како се завртува неколку пати и се пушта за нешто подолу да биде фатен во ново вирче.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Ќе бидеш поп, ќе бидеш поп, плови низ прозрачноста се додека со нозе не го допре дното на непознатата бездна... Во детството така престануваше црната треска.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Така тоа постепено се претвора во лебед, подготвен да плови низ езерото. * * * Мислам дека секој на овој свет има една мала светлина.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Би можел да плови низ неа со својот поглед, би можел да се вивнува во сите нејзини неизмерни, незамисливи глобочини и да открива секое нејзино катче по бескрајот, исполнет до пребликнување од сите оние црвеникави допири на топлината по лицето, а пак да си остане отпуштен и така сосема, сосема мирен.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Едноставно лебдеше, се лизгаше, отсутна од луѓето, како меѓу подот и таваниците да имаше меко перниче по кое плови низ океанот на музиката.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Кога нашите очи за првпат се сретнаа во препознавање, се сетив на Париз и долгите мерцедеси кои пловеа низ дождот кон Нотр Дам; мобилни стакленици, со јапонски физиономии зад стаклото и стотици никони кои се дигаат во слеп фототропизам, цветови од челик и кристал.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Велат, има едно островче најмало на светот кое стои на едно место, иако карпата на која е исцуцулено, постојано плови низ морињата.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Се чувствуваа како исфрлени во вселената и таму оставени вечно да пловат низ бескрајот.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)