побара (гл.) - вода (имн.)

И кога таа помина крај него, тој ѝ побара вода.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Вечерта се врати невртејќи го лицето кон ќерка си, побара вода; пред да ја крене стомната, полека и без возбуда како да соопштува нешто што таа го знае, рече: - Нека е со среќа. Андон те бара за снаа. ***
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Тој побара вода да се напие; се напи, постоја неколку мига допрен со грбот на перницата а со главата на ѕидот и рече: „Проклети соништа...
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Ја прашав како се вика и ѝ побарав вода. Молчеше. „Се викам Лозан“, реков. „Ова село Лесново ли е?“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Глупаво беше да молчам само заради тоа што сум збунет.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Гледав кон отворената врата, домаќинката знаеше во што.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Побрзав да кажам дека од таа девојка, нејзина ќерка или комшика, побарав вода, жеден сум, ги наврев опинците да побарам бунар или чешма.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Грозницата попушти подоцна. Кога ги крена од очи врелите клепки, побара вода.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Вечерта се врати не вртејќи го лицето кон ќерка си, побара вода; пред да ја крене стомната, полека и без возбуда, како да соопштува нешто што таа го знае, рече: - Нека е со среќа. Андон те бара за снаа. ***
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)