побара (гл.) - помош (имн.)

За спорот никогаш не се обрати, ниту пак побара помош од правната служба на СОНК. 64 Бидејќи неговите писма и барања упорно беа игнорирани –  Митревски, во текот на месец јануари 2007, конечно покренува судски спор за враќање на работа пред надлежениот Основен суд – Битола.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Кога тоа е потребно, заради утврдување на идентитетот на лицето кое ќе се затекне на местото каде доставата треба да се изврши или заради извршување на други дејствија на доставата, доставувачот е овластен да побара помош од полиција (чл. 135, ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Со оглед на тоа што не доби повратен писмен одговор, тој се сомнева дека установата и Министерството за култура, како што истакнува, „имаат интервенирано со цел пријавениот случај никогаш да не биде исконтролиран“.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Лицата кои што доставувачот ќе ги затекне на местото каде што доставата треба да се изврши, должни се на негово барање да се легитимираат.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Органот што врши увид или реконструкција може да побара помош од стручно лице од криминалистичко-техничка, сообраќајна или друга струка, кое, по потреба, ќе помогне во пронаоѓањето, обезбедувањето или опишувањето на трагите, ќе изврши потребни мерења и снимања, ќе направи скици и фотодокументација или ќе собере и други податоци.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
При реконструкцијата по потреба можат повторно да се изведат одделни докази (чл. 234, ЗКП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Најпосле, по многу премислувања, тој реши да ја побара помошта на Гога.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Тато одбираше небаре многу се разбира во инструментите. Најнакрај сепак побара помош од продавачот.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Приквечерината тројцата отидовме во Музичкиот магазин во центарот на градот.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Капетанот Еванс во својот одговор го препратил да побара помош од британските воени мисии кои се наоѓале на “југословенска територија“.332 Во почетокот на април капетанот Патрик Еванс престојувал во реонот на Преспа.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Од никого, дури ни од луѓето што живееја на Имотот, не побараа помош не дури ни совет, ни алат.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Еми Еми, на 23 години, побара помош во својата борба со anorexia nervosa*.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Од овие причини, забележливо е поедноставување во овие описи кое во самата работа не постои.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Останувајќи без доволно средства, гемиџите побарале помош од Делчев.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Во тоа време во Цариград јавиле дека таму работите тешко одат, побарале помош и сугерирале во Солун да не се брза со копањето.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Немајќи многу време за размислување, Павел му ја открил тајната за цариградскиот канал на својот брат Иван и побарал помош за бегање од градот.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
За да бидам во дослух со она што сакам да го наметнам како терапија, односно за да бидам смешен, ќе кажам дека доколку нашите театари заклучат дека не ги бидува да направат добри, лековити смешки, тогаш не им останува ништо друго освен да побараат помош, а од кој друг, ако не од - Чак Норис.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Нема кај да побараш помош.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Слушај сега - еден ќе појде во Кукулино и ќе побара помош, сѐ што може да држи вила или секира да ни појде во пресрет.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Нашето село е сега со најрасфрлени гробишта, од еден до друг крај на светот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ова особено важи за пациентот кој прво побарал помош од лекар, а потоа бил упатен на психотерапија.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Сите, без исклучок, се однесуваа кон мене исто –мајка ми, татко ми Срчофилд, крпачот на чевли Стрико Шило, слаткарот Салеп Каја со ќерката Зула, пожарникарот Генерал Шмрк, моите другари Тантурак, Рокче, Помак и Тутуле, познати од некогашните прикажувања.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Побарај помош од мене кога ќе се најдеш во таа јама. Дотогаш- ништо!
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Тој ѝ раскажа за необичната блискост што постоеше, или изгледаше дека постои, меѓу него и О'Брајан и за поривот што му се јавуваше понекогаш едноставно да му пријде на О'Брајан, да му соопшти дека тој е непријател на Партијата и да побара помош од него.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Не се сеќаваше на никој друг од кого би можела да побара помош.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
А тука Анѓа ја побара помошта и, не можејќи веќе да се воздржи, писна гласно колку грло што ја држеше: – Намашни, либе Стојане, Намашни Шарка и Мрча, Одбрани, либе, од волкот, Твоето рудо јагненце, – а очите ѝ се навирија со солзи почна да ѝ течат низ темните образи.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Можеби идниот пат на друго место ќе побара помош - зборуваше Б.С. додека стануваше.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Тие двете седат околу масата и ја гледаат Пела како си ги завршува работите за другиот ден без да побара помош, туку само проверка на завршеното.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)