побара (гл.) - прошка (имн.)

Затоа ние сега ќе ти простиме тебе, станало што станало, а ти од Хаџи Ташку ќе побараш прошка.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Во грлото му зажуберкал плач, не многу поинаков од поранешното смеење.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Како кутнато стебло по надолнина однегде се дотркалал еден од племето на Проказниците, некој недоучен тревар Пандил Димулев, син на свој дедо, ако можело да се верува, зашто кога тој се раѓал, татко му не бил в село повеќе од две години; го кренал од земја скршениот дел на вилата, во недоумение да се прекрсти ли пред чинот за кој се определил или да го стори она што го смислил па потоа да побара прошка за својата душа. Бревтал.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Несреќниците не побарале прошка од никого. Се повлекле зад диви и непристапни врлежи, во земја на вечни сенки и на дивина, да се молат поснички и да гнијат. Им се заборавиле имињата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Го сфатиле ненадејно новото правило на играта: бегалците живеат подолго од тврдоглавите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Затоа другите и не се вратиле со покајнички наведнати глави да побараат прошка или без збор да ѝ се приклучат на дружината, збрчкани колку што биле покојните Дмитар-Пејко и Неделко Шијак и помирени со можноста да налетаат на преостри димискии или да се најдат под копитата на разиграни коњи.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Според преданието, преданијата се секогаш вистина на селанската мака, на спиење ги исекле болните и ги однеле на планина за да ги закопаат под еден крст, веднаш на тоа место да пробие света извор- вода чии капки лекувале очебол.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Клекнав пред него, му ја бакнав раката и побарав прошка!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Те паметам, благословена, како не би те запаметила? Тука, на истово место клекна пред мене и ми упати многу лути зборови пред да побараш прошка!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)