поведе (гл.) - оро (имн.)

Сакам прво домаќинката да го отвори орото. (Василка поведува оро со пеење, а по нив се фаќаат и други).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Ете, јас, сакатиот Нумо, кому и јазикот сакаат да му го откорнат затоа што вака прашуваше, те прашувам тебе, што си постар и што си видел повеќе од мене, ама не си го видел Грамос, не си го видел Вичо, не си ги видел сакатите девојки и момчиња и не си се запрашал како ќе го поведат орото свадбарско...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
А ако имаат, како ли ќе го поведат орото невестинско со една нога или без нозе, како ќе ја развеат шамијата на оро без рака? Како ли?
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
ЕФКА: Ајде, свате, поведи оро!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Еве таа го разбира неговиот вик и својот час, необична, таа го поведува орото во прва приквечерина, кога е сонцето зајдено и иде темнината.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
АРСО: Ајде свирка, песна, оро! Ајде цело Скопје да чуе! (Се фаќаат на оро сите.)
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Коле ја зовре гајдата, Толе го поведе орото и за час се растегна по целиот чаир.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)