поведе (гл.) - работен (прид.)

Доколку работодавачот не донесе одлука по приговорот во рок од 8 дена од неговото поднесување или кога работникот не е задоволен од одлуката донесена по приговорот има право во рок од 15 дена од добивањето на одлуката по приговорот да поведе работен спор пред надлежен суд (чл. 30 од ЗИДЗРО/фев.13);
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
А, пак, спротивно на ова, со измените на ЗРО (2005) од декември 2008, беше проширена можноста за жалба без суспензивно дејство, упатена, најчесто од незадоволниот работодавач, до Министерот за труд – и тоа не само против решението на трудовиот инспектор со кое се забранува вршење на работа, туку уште и во два случаја: (1) против решението со кое му се наредува на работодавачот да донесе или поништи акт со кој би ги отстранил утврдените неправилности и недостатоци; како и (2) против решението со кое се одлага извршувањето на конечната одлука на работодавачот со која е повредено некое право на работникот, за коешто овој повел работен спор пред суд (чл. 7, ЗИДЗРО/дек.08).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
После сето ова, тој одлучно истакнува дека правата од работен однос не можат да бидат предмет на ничии игри и тактики, и дека ако некој повторно му прекрши некое работничко право тој без двоумење би повел работен спор пред надлежен суд со цел да побара негова заштита. 66 1.  Интервјуто го водеше Александар Ковачевски, на 10.III.2011, во Битола.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Намалувањето на правата се однесува само на укинувањето на обврската на инспекторот, при известувањето за утврдената состојба, на работникот да му даде поука како да ја оствари заштитата на своето право; б) беше задржана старата одредба која предвидуваше, во случај трудовиот инспектор да утврди дека, со конечна одлука на надлежен орган, е повредено право на работникот, а работникот повел работен спор пред надлежниот суд – по барање на работникот, инспекторот, со решение, да го одложи извршувањето на конечната одлука на работодавачот, сè до правосилноста на судската одлука.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Работодавачот е должен да донесе одлука по приговорот во рок од 8 дена од денот на поднесување на приговорот, а доколку го пропушти овој рок или работникот не е задоволен од донесената одлука, има право да поведе работен спор пред надлежниот суд во рок од 15 дена.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Тој прво, со управата на радиото, се обидува спорот да го реши спогодбено – вонсудски и со мирни средства.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Реакцијата на Митревски, пак, одлично покажува дека за кршењето на одредено работничко право не смее да се премолчи – без разлика дали тоа е одлука на влада, министер или било кое надредено лице во рамките на државните институции.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Но, откако не успева во тоа, и откако пропаѓаат и обидите да ги убеди останатите вработени да покренат колективна тужба – тој, кон крајот на 2006 година, одлучува индивидуално да поднесе тужба за иницирање на судска, граѓанска (парнична) постапка и да поведе работен спор.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)