повикува (гл.) - да (сврз.)

Реката ме привлекува кон себе со истата брзина и сила со која тече.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ја мразеше затоа што беше млада и згодна и несексуална, затоа што тој сакаше да појде со неа в постела а никогаш нема да го стори тоа, затоа што околу нејзината слатка тенка половина, која како да те повикува да ја опфатиш со рака, се наоѓаше само оној одвратен црвен појас, тој агресивен симбол на невиност.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Острите предмети ме повикуваат да си го засечам телото, шилестите – да ги заријам во моето срце.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Листенце, мое пожолтено листенце!“ - извика Надица, како да го повикува да се врати, но тоа се загуби во сивата магла од којашто ситно, ситно подврануваше...
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)