повлече (гл.) - линија (имн.)

Не беа во состојба да повлечат линија меѓу природното и вонприродното, или натприродното, меѓу материјалните и нематеријалните светови.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Колку што го боли раката, баш десната, толку понастојчиво поетот ги повлекува линиите небаре оттука, откај езерото од неговите песни, ќе ја здогледаме некако родната му куќа и ќе го почувствуваме опојниот мирис на шебојот од детството баш во Улицата на стариот цвеќар во Истанбул.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Како некој Невидлив да му ја влече раката, како некој да го усмерува, да му наложува како и од каков агол да ја повлече линијата или да ја распореди бојата.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)