повлече (гл.) - додека (сврз.)

Еднаш навистина се сретнаа со вистинска мечка високо во шумата, но искусниот снимател ги стивна, ни да продолжат ни да се повлечат додека мечката, непредизвикана, но ‘ржејќи, не си го продолжи патот преку паднатите стебла и мувлестите пенушки, а тие - цела екипа, еден по друг - не ја заобиколија (да ја прескокнат не се осмелија) свежата па дури и расчадена лепешка што ја беше оставила таа среде врвицата, не само за да ги одвраќаат погледите туку и да си ги затнуваат носевите од неа.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)