повлече (гл.) - и (сврз.)

Но војводите за неполн саат, додека Толе се расправаше со Расимчауш беа го поминале селото Жиово и пак на старото место, на Жиовските ливади, се собрале и се ладеа на студената чешма.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Дедот Коле пропука на казармата и гледајќи дека главната сила, што ја предводеа војводите откон гробиштата, се откажа од борбата, и тој како Толета се повлече и ги фати блиските чукари „Шупливец" да гледа што станува в село.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Поради таквата неактивност и соработка со окупаторските и квислиншките сили, Велика Британија во почетокот на декември 1943 година дали наредба за повлекување на своите мисии од четничките штабови со што била „повлечена и службената поддршка на Михајловиќ“. 30
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Тргна кон неа, но таа се повлече и исчезна.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Бонети почувствува непријатност. Сакаше нешто да му рече, но се повлече и отиде во својата соба лут во душата. И цела ноќ не можеше да заспие.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Дарко запали цигара. Театрално повлече и го испушти чадот.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Валчестите коски под очите му се јагуридосуваа.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Триаголникот на брадата му се повлече и ги откри птиците над нас.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Пак се повлекува и останува потпрен на лактите и загледан во ѕвезденото небо.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Потоа се стрчна назад и ги повлече и другите пци да тргнат по него.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
- Тие се повлекоа и повеќе не ќе им текне да помирисаат ваму.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Чувствуваше како некој одвнатре му го зграпчува окото и тоа, како полжав, се повлекува и се измолкнува.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)