повраќа (гл.) - од (предл.)

Светот ми се врти и ми се повраќа од него.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Јас обожавам да скијам – не сум како него – одбивав да бидам ставена во истата група.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Ама затоа ти водиш во „бутање” – се смееше татко ми. – Паметиш лани, кога овде, во Маврово, повраќаше од што се прејаде? – А ти Огне, паметиш кога зимоска, од седум дена, од пуста мрза само еднаш отиде на скијање?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)