повтори (гл.) - дека (сврз.)

Пере стопати повтори дека луѓето се грди.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Тоа докажувало дека сум ја знаел изјавата наизуст, дека со неа успешно сум манипулирал, а од таквото однесување произлегувал сосема логичниот заклучок дека станува збор за лажна изјава.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Да се надеваме - самиот се храбреше. –Затоа и решив да заминам. Најдобро утре!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Претчувствувал дека тоа ќе се случи.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ова го зборуваше со некој друг тон, можеби укажувачки или изнасилено доверлив; згора на тоа не беше свртен кон мене туку кон изворот на светлината што беше вперена во моите очи, и дури тогаш сфатив дека иследникот и јас не бевме сами во просторијата на катот; дека тој не спори со некои од моите изјави туку се обидува мојот случај да му го образложи на непознатиот гостин.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Притоа ја повтори и веќе изречената мисла, дека многу ќе се радува во колку ќе се покаже дека греши, но за негова среќа барем досега тоа ретко се случувало!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Потоа, сосема неочекувано повтори дека не е шега она што го рекол пред малку, дека постои можност да ја разјасни тајната.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Нема никогаш да заборавам како иследникот, на тоа последно испитување неколкупати повтори дека моите изјави, напишани точно шест пати, го потсетувале на јајца од иста кокошка.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И потем раскажа собитие вакво, за кое трипати повтори дека е верно, и јас знаев дека знак на несигурност е тоа повторување: на првата ноќ откако сме заминале ние од дворецот, небаре ѓавол ја напуштил престолнината и во вреќата своја сите проклетства ги однел, на Лествичникот видение верно му се јавило: таткото негов, Мида, на сон му дошол и побарал да го откопа од гробот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Рече и повтори дека е родена пред осумдесет години, дека животот го проживеала во голема сиромаштија, освен овие десетина години откако се доселија тука и отворија фарма за гоење телиња и најголемиот дел од нивите ним секоја година по пат на наддавање им ги отстапува државата.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Тука на 25 март 1949 година се одржа Вториот конгрес на Народно-ослободителниот фронт на кој беа донесени одлуки за поголемо учество на Македонците во граѓанската војна и беше речено и повторено дека грчите комунисти ќе им направат македонска држава, за разлика од онаа во составот на Југославија, но пред тоа ниту еден Македонец и Македонка да не остане надвор од борбата.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Според валијата и според Силјанов, загинале 11 селани, а 74 (според Силјанов околу 40) селани, коишто не успеале да избегаат, врзани биле донесени во Битола, каде што биле грозно мачени, а од нив 18 подоцна биле осудени. 147 Извештаи од 1903, 206. 148 Српскиот конзул Ристиќ повторува дека Организацијата “ниту со една своја постапка не даде непосреден повод“ за овие несреќни настани.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Неговиот расказ „Куќата на Астерион“ може да се чита, а да не се претера во толкувањето, како метафора за самиот Борхес.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Многу години подоцна, во својот “Автобиографски есеј” од 1970-та, тој повтори дека & останува верен на планетата Тлон, т.е. на светот на книгите: “Да ме прашате да го именувам главниот настан во својот живот, би рекол дека тоа е библиотеката на мојот татко.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Во неа Минотаур избира да остане во лавиринтот во кој е затворен: „Едно попладне“, признава тој, „излегов на улица; ако се вратив пред мрак, тоа го направив поради стравот што лицата од обичниот свет го предизвикуваа во мене“.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Всушност, понекогаш помислувам дека никогаш и не сум излегол од таа библиотека”.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Во малечката библиотека еден човек постојано се држеше за глава, извикувајќи: „Зборовите одлетуваат од страниците! Зборовите одлетуваат од страниците!,“ и повторуваше сѐ додека останатите читатели не се побунеа, па чуварите ќе го однесеа во неговата соба.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Еден млад човек беше доведен во Гнездо затоа што на сите им повторувал дека нема глава, еден друг млад човек беше исто така доведен во Гнездо, но затоа што другите ги уверувал дека немаат глави.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Оттогаш почна да ме споредува со другите девојчиња, да ми кажува дека никогаш нема да бидам како нив, да ми вели дека мојот живот секогаш ќе биде мачна празнина.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Кога завршија моите болувања, и мама престана да ми повторува дека ќе било подобро да не ме родела.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Се врати дури по неколку саати, збунет и вџашен, и прво ја допи ракијата пред да ѝ раскаже на мајка му дека во банката е целосен хаос, луѓето викаат, жените паѓаат во несвест, а службениците не знаат што да прават и само нервозно се растрчуваат и упорно повторуваат дека нема пари.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Но, оттаму еден метален глас трипати повтори дека телефонскиот број не постои.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Некој негде двапати повтори дека е време да се поаѓа.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Дневната месечина над нив видливо се наголемуваше.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се споулавувал и не се покорил. Го одврзале од чаркот и кога му помагале да седне и да се смири доколку не сака да го потераат во сургун, повторувал дека ќе им се одмазди на џелатите и дека ќе му ја запали куќата на бегот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
На воденичарската заедница во Кукулино ѝ преостанало или да ја наведне главата пред зулумот или со тврдоглавост да зачекори кон нови страдања: најумниот или најисплашениот од преостанатите мажи се откажал од воденичарскиот занает, најтврдоглавиот го потерале сувариите до најблиската река и го распнале на гнил чарк за наводнување на недалечните ниви, цел еден ден да се врти под надгледување на двојна стража, со секој миг пред неговите очи да се сменуваат матното небо и разбранетата земја.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Дедо му Осип Крстин делка од смрековина, како и секогаш од еден дел, триножец и бескрајно повторува дека никој не ќе влезе во одајчето додека е тој жив.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Дури во еден друг разговор дообјасни, рече, повеќепати повторил дека само за неа дошол дома во С. Да ја види неа. И да побара да му прости.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Колкав им е крвниот притисок и шеќерот На белосветските хуманитарци Кои на зајакот му велат да бега на ловџијата да пука И кои за своите самозададени мисии Папагалски повторуваат дека се мостови меѓу Исток и Запад?
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Што се однесува до исчезнувањето на братучедот Благоја и изведената споредба со исчезнувањето на Загорка Пеперутката само ќе повторам дека станува збор за грубо поистоветување иако сум токму јас првиот а веројатно ќе останам и единствениот кој ја спомна таа сличност.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ете така ја потфатив, ѝ фрлив трње в гаќи, само за да се соземе, а потоа уште еднаш и повторив дека чевлите многу ми се допаѓаат. Ептен ги погодила!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Знаеш, мила, Иван Степанович никогаш, никого за ништо го нема замолено.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Водата во големиот чајник вриеше, па дед Павел уште еднаш повтори дека можеме веднаш да се напиеме чај, дека потоа ќе можеме да го прошетаме имањето, а кога ќе ожедниме, ќе му се вратиме на виното.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Се разбира, притоа повеќепати му повторил дека и тој лично, Иван Степанович, му прави услуга на својот пријател Ролан.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Повтори дека завршил гимназија, дека студира и дека веќе Има издадено една книга со раскази за нас бегалците, заврши.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)