повторува (гл.) - дека (сврз.)

Клучниот проблем во врска со легализацијата (која се содржи во тоа што нејзините заговорници ги предвидуваат можните негативни последици, а ги преувеличуваат можните позитивни), претставува тоа што легализацијата на продажба на тешки дроги неминовно би довела до зголемување на потрошувачката, а што најскапо би го платиле најсиромашните и најзагрозените општествени слоеви.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Како и многу други приврзаници на легализацијата на тешките дроги, Бендоу постојано, иако без докази, повторува дека поголемо зло претставуваат проблемите кои произлегуваат од забраната за уживање дроги, отколку од самата нивна употреба. Таквиот став ми се чини многу наивен.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Многупати повторуваше дека тоа добродетелство било безмалку во крвта на неговото семејство и, притоа, го споменуваше неговиот предок Никола Поцо.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Беше чуден; само се смешкаше и повторуваше дека е можно да се врати човек назад, во минатото, и дека е можно уште еднаш да изживее еден ден кој веќе изминал, пред многу години.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Младичот беше задоволен и често повторуваше дека ова ќе мора да им успее, му објаснуваше дека ги притиснале в ќорсокак луѓето од монополот, го извеле тоа многу добро, а за она му рече дека тој ќе мора да си однесе и нешто дома, таа пролет; тој веќе беше почнал да се подготвува за одење в село.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Во репортажата, под наслов „По илјада години слободна Македонија“, тој ја запознава американската јавност со информации од „прва рака“, во кои, иако имаат историски неточности, објективно ги претставува настаните во Македонија, и покрај фактот, како што истакнува М. Вестерн, што пред пристигнувањето во Македонија, за време на престојот во Грција, во разговорите со тамошните официјални личности, постојано му било повторувано дека „Македонците се Грци“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
А исто така и при престојот во Србија од некои кругови му била предочена литературата во која Македонија се третира како дел од „Јужна Србија“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
- А прилично е доцна – се обидува да го оправда своето настојување.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ако не било така навистина не знам од кои причини со години настојуваше да ми ја всади таа помисла.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Во поранешните денови, при едно од спроведувањата кон собата на иследникот ми беше упатена, можеби и со добра намера, опомената дека секое барање од страна на службено лице кое не звучи и како заповед, или барем како закана, треба да се сфати за неприлично.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Како провокација ми прозвучи и она забелешка на иследникот, и тоа среде испитувањето, дека постоеле моменти кога будноста попуштала.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Изгледа помислува дека не сум го сфатил, затоа повторува дека треба да се јавиме во канцеларијата на Денков. Тој лично нѐ чекал.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Постојано повторуваше дека само тоа го очекувала и посакувала.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А вториот веќе и не допрашуваше ами повторуваше Дека сето тоа се само бабини деветини И дека со нова жена нови ќеифови се тераат Особено ако е како оваа еве што оди пред нас И подвртува со газето како пропелерче Во некоја берберница среде тукашните или мексиканските жеги
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Дико тоа чекаше. Се правеше неизмолив и упорно повторуваше дека Бошко ќе треба да си плати за грешката додека најпосле не рече оти тој сака да му помогне, ама еве не може.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)