погали (гл.) - дете (имн.)

На станување ги погали децата: и Капинка и Здравка и Ѕвездана ги погали, им прошета со прстите по косата и тргна, - Е, да си жив и здрав, му велам, малку ме успокои.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Брат ми ја запозна Марта Бернајс токму на својот дваесет и шести роденден.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Вера одеднаш како да стана нетрпелива, уште еднаш ги погали децата и сите си тргнавме кон дома.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
— Ја праша Толе Ката и посегна да ги погали децата, но овие се завртеа и се скрија зад мајка си.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
А оној ден во паркот, таа со едната рака го прифати глуварчето, а другата ја пружи за да го погали детето, но пред да ја допре неговата глава нејзиното тело се затетерави, и таа одново се фати за оградата. …
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)