погали (гл.) - куче (имн.)

Пред заминување домаќинот Петре го погали кучето и го чучна пред влезната врата.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Приказната на Вилијам Велман како во почетокот на дваесетите го научил занаетот режирајќи филмови од две ролни - „Сцената покажува правлива улица пред салунот; едно кученце лежи на скалите; херојот излегува, го погалува кучето и се качува на коњот; арамијата излегува, го шутира кученцето и го јавнува коњот.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Ги погали кучињата што му се врткаа околу нозете, и отиде да ги пренесе и дрвата што му останаа.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Со прво ќе го погалат кучето по вратот и потоа, наеднаш, ќе го фрлат. Како дабова пењушка. Колку е големо човечкото лицемерие.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)